Игри на голови во двете полувремиња и полувреме-крај донесоа две големи добивки со скромна уплата

Два тикети, еден уплатен во објект на Sport Life во Велес, друг во скопската Кисела Вода се доказ дека со уплата од 100-150 денари и со малку среќа и голови во финишот, може да се состават одлични добитни тикети коишто носат големи добивки, можеби не се милионски, но секако многу големи со оглед на висината на уплатата.

ГОЛ НА СЕЛТИК ВО 97-МА МИНУТА ДОНЕСЕ РАДОСТ ВО ВЕЛЕС

Во Велес, на тикет со 100 денари уплата, добивката е 76.957 денари. Овој прогнозер точно погодил што ќе се случува на пет фудбалски натпревари. Тој прогнозирал дека ќе има 0-1 гол во прво полувреме и 2-3 гола во второ полувреме, игра за која квотите се движат од 3.50 до 3.90.

Овој велешанец имал и доста среќа, која е незаобиколен дел при чекањето добивка. Шкотскиот Селтик дури во 97-мата минута даде гол за победа од 2-1 кај Рос Каунти и за добивка во Велес бидејќи се чекаа два гола во второ полувреме, а тој гол во 97-мата беше втор во второто полувреме. Борусија Дортмунд му помогна на овој играч со втор гол во 89-тата, а Арсенал вториот гол во второто полувреме го постигна во 87-мата минута, па овие три меча беа критични.

И СО ПОГОДЕНИ САМО ДВА МЕЧА СО 150 ДЕНАРИ УПЛАТА МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ МНОГУ

Во уплатно место на Sport Life во скопската населба Кисела Вода, еден прогнозер со 150 денари уплата само на два типувани меча, дошол до добивка од 51.975 денари.

Овој обложувач почувствувал дека два меча ќе завршат нерешено, со водство на домашните во прво полувреме. Станува збор за дуелите Баер Леверкузен – Хофенхајм (1-0 на пауза, конечни 2-2) и Спортинг Хихон – Алкоркон (беше 1-0 на полувреме, 1-1 на крај).

„Тресење“ имало за мечот во Германија, каде што Баер водеше со 2-0, но во 80-тата и 83-тата минута прими два гола и гостите се изборија за нерешен резултат и радост во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести