Пет фудбалски натпревари со комбинации на игри на голови се дел од Квотите на денот на Sport Life за четврток. Поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.35, додека искомбинирани на еден тикет прават квота од 44.5.
Голови во двете мрежи се очекуваат на мечот помеѓу АЕК Ларнака и Пакси, а ако ги има и во двете полувремиња, тогаш квотата од 2.20 ќе биде добитна.
Еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар се потребни на мечот помеѓу Универзитатеа Крајова и Марибор за да биде добитна квотата од 2.10.
Понудената квота од 1.95 за мечот помеѓу Силкеборг и Молде ќе биде добитна само ако има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Ријека се очекува да ја оправда фаворитската улога и да постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме против романскиот второлигаш Корвинул. Доколку тоа се случи, квотата од 1.95 ќе биде добитна.
Победа на Ајакс против Војводина, но и барем по еден гол во првото и второто полувреме ќе значи дека квотата од 2.35 за овој меч ќе биде добитна.