Игуаин со една од најлошите изведби на хитот за шампионите (Видео)

Гонзало Игуаин одигра само 24 минути за Челзи во Лигата на Европа и учинокот му е нула голови, нула асистенции, нула потези за паметење. Сепак, докажаниот аргентински голгетер направи потег за паметење на прославата на титулата. Игуаин беше еден од највеселите во прославата, па дури и во живо на својот инстаграм-профил ја пренесуваше атмосферата од соблекувалната на Челзи веднаш по завршување на финалето.

Играчот кој во кариерата има дадено многу погодоци, овојпат покажа дека е очаен за пеење. Со пиво во раката, Игуаин ја пееше „We are the champions“, но изведбата му беше катастрофална.

https://youtu.be/XUw98SaIJ6U

- Оглас -

Најнови вести