Македонскиот интерационалец Илија Несторовски се врати во Хрватска и потпиша договор со хрватскиот прволигаш Славен Белупо.
Напаѓачот беше слободен агент по разделбата со Асколи, разгледуваше неколку понуди и на крајот одлучи да се стационира во Копривница.
Несторовски осум години играше во Италија, го носеше дресот на Палермо, Удинезе и на Асколи, а претходно настапуваше во хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.
Во последната сезона напаѓачот имаше 20 настапи за Асколи и постигна два гола.