Им се случува и на најдобрите: Леброн утна чисто положување, па се измачи и со цепелинот (видео)

ЛА лејкерс со пораз од Сакраменто при конечни 136:122 ја заврши регуларната сезона, меч во кој Леброн Џејмс постави рекорд за просек од над 20 поени во 17-тата сезона во низа во НБА-лигата.

Кралот за 14 минути реализира 17 поени во поразот, а во еден момент очигледно му недостасуваше концентрација. Прво промаши положување откако се најде сам во рекетот, а потоа не го проследи цепелинот од Кук, по што се виде разочарување на неговото лице.

Им се случува и на најдобрите…

- Оглас -

Најнови вести