Египет го прекина денешниот тренинг на еден ден до полуфиналето против Камерун на Африканскиот куп на нациите откако на стадионот во Јаунде се појави дрон.
Селекторот на Фараоните, Карлос Кеирос одлучи да ги повлече своите играчи, а Египет поднесе и жалба до Континенталната конфедерација на Африка, ЦАФ, за необичниот случај.
https://twitter.com/FilGoal/status/1488941739171880961?s=20&t=4NG7CiEq2twk1rJi9eWgRw
Не е тешко да се претпостави дека провокацијата доаѓа од таборот на Камерун, кој е домаќин на турнирот на најдобрите африкански селекции.
Египет е седумкратен шампион на Африка и најтрофејна репрезентација, па Фараоните предводени од Мохамед Салах ќе бидат сериозна закана за амбициите на Камерун по шести пат да стане првак и да му се доближи на рекордерот само на минус еден пехар.
Натпреварот се игра утре, од 20 часот, во Јаунде, а вечерва во истиот термин веќе започна првото полуфинале меѓу Сенегал и Екваторијална Гвинеја.