18.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Има ли крај? Македонија трпи тешки фудбалски неуспеси – И денеска останавме без погодок со два порази и гол-разлика од 0:7

Серија на неуспеси на македонските фудбалски репрезентации и клубови како да нема крај, а и денеска не беше поинаку со загрижувачки тренд што долго трае.

Младата екипа на Шкендија загуби од Хајдук со 0:2 во меч од Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, а уште полошо мина женската селекција на Македонија за фудбалерки до 17 години, која загуби од Естонија со 0:5 во квалификации за Европското првенство.

Тоа е само продолжување на серијата на големи неуспеси на македонските клубови во еврокуповите и на нашите репрезенатции.

По големата победа на машката фудбалска репрезентација против Германија во март во Дуисбург со 2:1 во важен меч, ниту една наша селекција ниту клуб нема значаен успех.

Сите наши екипи испаднаа во рана фаза во квалификациите за настап во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА, а и репрезентациите немаат победа.

Сениорската А селекција претрпе три порази на Европското првенство и потоа на три меча нема победа, а кај дамите е уште полошо. Четири порази со вкупна гол-разлика од 22:0 на сениорската и младинската селекција се катастрофален исход, а лошо мина и македонскиот првак Саса Каменица во квалификациите за настап во женската Лига на шампиони со порази од 12:0 против Јувентус и со 4:0 против Бешикташ.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести