Има нешто во кое Роналдо е двојно подобар од Меси

Кристијано Роналдо е фудбалерот кој убедливо најмногу има заработено од своите објави на социјалната мрежа Инстаграм. Според направените пресметки, Роналдо за 49 објави на Инстаграм има инкасирано вкупно 47,8 милиони долари.

Оваа сума која ја има заработено Роналдо е двојно поголема од заработувачката на Лионел Меси од Инстаграм. Аргентинецот е на второто место со заработка од вкупно 23,3 милиони долари за 36 објавени постови. На третото место е Дејвид Бекам, кој е и единствен од Топ 5 листата што е пензиониран фудбалер. Некогашниот капитен на англиската репрезентација за 30 постови има заработено 10,7 милиони долари.

Меѓу оние кои најмногу заработиле од објавите на Инстаграм има место и за Нејмар и Златан Ибрахимовиќ. Капитенот на бразилската репрезентација заработи 7,2 милиони долари за 10 објави, додека Ибра е побогат за четири милиони долари за 20 постирани фотографии.

 

- Оглас -

Најнови вести