26.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Има нешто во норвешката семка, Халанд има братучед кој даде 30 гола на 22 меча

За норвешкото чудо Ерлинг Браут Халанд веќе знаат сите, тој сега е ѕвезда на Борусија Дортмунд откако се прослави во Салцбург, но малкумина знаат дека тој има роднина кој се вика Алберт Браут Чоланд и на 16 години е можеби и уште поголем талент од Халанд, иако Ерлинг Браут на 15 години се појави во тимот на Брин.

Чоланд веќе дебитираше за првиот тим на клубот Брин, а за младинскиот состав на 22 меча постигнал дури 30 голови. Разликата е што тој повеќе ја користи десната нога, за разлика од левучарот Халанд.

„Секако дека мојот роднина е голема инспирација за мене. Засега моја желба е да постигнам гол на еден официјален меч за Брин“, изјави Чоланд, кој е висок 185 сантиметри.

- Оглас -

Најнови вести