Со завршувањето на јуни, календарски се заврши и минатата сезона во фудбалска Европа. Тоа значи дека од денеска започнува летниот преоден рок за купување играчи за новата сезона. Многу клубови веќе ги имаа договорено трансферите на некои засилувања, но едноставно чекаа да дојде 1 јули за да се официјализираат.
Најраздвижено е во просториите на италијанските клубови. Јувентус, Наполи, Рома и Интер претставија неколку засилувања, но особено внимание привлече Римската волчица со начинот на претставување на двете засилувања, Леонардо Спинацола и Амаду Дијавара.
Спинацола пристигна од редовите на Јувентус за сума од 29,5 милиони евра. Од Торино доаѓа во Рим потпишувајќи договор до 2023 година. Неколку часа подоцна, стигна нова официјализија, играчот за врска на Наполи, Дијавара ќе ги брани боите на тимот од Олимпико, за него се исплатени 21 милион евра, а Гвинеецот потпиша петгодишен договор.
Посебните објави на Рома на официјалниот твитер-профил се начин да се крене свеста на луѓето за глобалното исчезнување на деца. Секој нов ангажман го искористија да ја рашират кампањата, а така ќе прават и со идните засилувања кои ќе пристигнат ова лето. Вистински потег за восхит на римскиот гигант.
UFFICIALE: Leonardo Spinazzola è un calciatore della Roma
Questa estate l’#ASRoma utilizzerà i video sui social media dedicati ai nuovi acquisti per sensibilizzare l'opinione pubblica sul tema dei bambini scomparsi in tutto il mondo.@telefonoazzurro ❤️ @MissingKids pic.twitter.com/IIf6pShv5d
— AS Roma (@OfficialASRoma) June 30, 2019
UFFICIALE: Amadou Diawara è un calciatore della Roma
Questa estate l’#ASRoma sta utilizzando i video sui social media dedicati ai nuovi acquisti per sensibilizzare l'opinione pubblica sul tema dei bambini scomparsi in tutto il mondo.@telefonoazzurro ❤️ @MissingKids pic.twitter.com/SoQ6Q8GLD4
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 1, 2019