Чаунте Лоу е храбра жена и вели дека и покрај болеста со која се бори, а ѝ е дијагностициран рак на дојката, нема да се откаже од намерата да скока и на Олимписките игри во Токио следната година.
Американката има 35 години и има богата колекција од медали, но сега има поинаков приоритет да ја победи опасната болест.
Освои сребрен медал на Светското првенство во 2005 година во нејзината атлетска дисциплина скок во височина, а има и бронзен медал од Летните олимписки игри во Пекинг три години подоцна.
Лоу беше и светска шампионка во Истанбул на Мундијалот во сала, а ако успее да учествува во Токио, тоа ќе и биде петта Олимпијада.
„Нема да се откажам од настапот во Токио, Тоа е големо натпреварување, ќе биде во фокусот и сакам преку мојата лична битка да го свртам вниманието и да ја подигнам свеста во битката со болеста што сè повеќе зема замав. Досега скокав за себе, за мојата земја, семејството, но ова е нешто поголемо, предизвик што сакам да го исполнам“, изјав Лоу.
Ракот на дојката ѝ беше дијагностициран само два дена по смртта на Габриела Груневалд, нејзина сонародничка и атлетичарка, која беше светски симбол во битката со опасната болест и беше вистинска инспирација со својата челична волја за живот и борба да се победи ракот.