Има само 17 години, но многу работи зависат од него: Јамал знае кого Барселона треба да донесе налето

Ламине Јамал сè уште нема наполнето 18 години, но ѕвездената иднина на Барселона веќе се гради околу него. Многумина во Јамал гледаат нов Лионел Меси, а раководството на Kаталонците сè почесто се консултира со него околу трансфер-политиката.

Седумнаесетгодишниот фудбалер налето како соиграч сака да го види Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, фудбалер кој и минатото лето се поврзуваше со Барселона, но трансферот пропадна во последен момент. Според шпанските медиуми, Јамал често разговара со спортскиот директор на екипата, Деко, на оваа тема и јасно истакнува дека неговиот соиграч од репрезентацијата е идеалното засилување за Барселона.

- Оглас -

Најнови вести