Горан Пандев беше заменет во 69-тата минута на мечот меѓу Холандија и Македонија, а го одигра последниот меч за нашата репрезентација. Имаше и симболика во 69-тата минута, кога излезе од теренот, а на негово место влезе Костадинов.
Пандев е рекордер со 69 меча за Македонија на кои беше капитен од вкупно 122 што ги одигра во дресот со национални бои, што исто така е рекорд.
Гранде има и триплета и е рекордер со 38 постигнати погодоци за Македонија, а тој го даде и првиот погодок за нашата репрезентација на историското Европско првенство, против Австрија во поразот од 1:3 на 13 јуни.