Војводина успеа да ја добие драмата од над два часа во Ниш и да го освои пехарот во Купот на Србија со победа на пенали против Партизан.
Во продолженијата од 30 минути немаше гол, па се изведуваа пенали. Војводина ги погоди сите четири удари од белата точка, Гемовиќ дури имаше и храброст да изведе и Паненка, а Партизан утна двапати, по што трофејот патува за Нови Сад.
Ова е втор триумф на Војводина во Српскиот куп во осмото финале.