Лудница во Ниш – Партизан со гол со ножички во 96-тата минута обезбеди продолженија (Видео)

Партизан приреди вистински подвиг и со два гола во последните 15-тина минути анулираше негатива од 0:2 против Војводина, стигна до 2:2 во регуларниот дел од финалето на Купот и сега е фаворит за победа во продолженијата.

Страхиња Павловиќ е јунакот на Партизан и тој го постигна голот за израмнување во 96-тата минута, откако фаворитот беше пред пораз. Стоперот на црно-белите постигна фантастичен гол со ножички.

https://www.youtube.com/watch?v=DZb4rrat8lI&feature=emb_logo

Војводина играше подобро, иако беше аутсајдер и без подршка на своите навивачи во Ниш, и поведе со 2:0 со головите на Вукадиновиќ и на Бојиќ.

Предноста клубот од Нови Сад умешно ја одржуваше до 81-вата минута и тогаш тргна фуриозниот финиш на Партизан.

Филип Стевановиќ со убав гол намали на 1:2, а во последните моменти од регуларниот дел, длабоко во судиското продолжение, Павловиќ со фантастичен гол со ножички израмни на 2:2.

https://www.youtube.com/watch?v=LDfiOq-i5oE&feature=emb_logo

Ако и по продолженијата од двапати по 15 минути нема победник, ќе се изведуваат пенали.

- Оглас -

Најнови вести