-2.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Имаат 11 победи по ред, но нивниот тренер вели: „Нема смисла да ме прашувате за титулата“

Астон вила има 11 победи по ред во сите натпреварувања, од кои осум во Премиер лигата и веќе е на минус три од лидерот Арсенал. Минатото коло славеа над Челзи, а вечерва ги очекува вистински предизвик – гостување токму на водечкиот на табелата.

Сепак, и покрај одличната форма, тренерот на Астон вила, Унаи Емери, смета дека неговата екипа е далеку од титулата.

„Тоа беше фантастично, но да зборуваме за титулата, според мене, за нас нема смисла. Сега, во декември, тоа нема смисла. Се разбира дека сме мотивирани, но во моментов размислуваме само за натпреварот против Арсенал. Има разлика од три бода меѓу нас, тоа е нашата мотивација, но ако денес размислуваме за она што ќе биде по 38 натпревари – тогаш животот поминува и не уживаме во моментот“, рече Емери на официјалната прес-конференција.

- Оглас -

Најнови вести