Имаше ли пенал за Белгија? Словенецот Винчиќ беше сигурен дека не греши (Видео)

Судијата Славко Винчиќ од Словенија досуди пенал за Белгија во последните моменти од првото полувреме на дуелот против Италија, а реакциите се дека одлуката е контроверзна.

Винчиќ покажа на белата точка по дуелот меѓу Спонацола и Доку, а воопшто и не сакаше да го погледне сам моментот од 45. минута, иако спорната ситуација се проверуваше со помош на ВАР системот.

Очигледно е дека Винчиќ доби инструкции од судиите во ВАР собата дека одлуката му е правилна па остана на тоа дека имало пенал за Црвените ѓаволи.

Ромелу Лукаку беше сигурен и го совлада Динарума за 1:2 против Италија. Претходно Николо Барела и Лоренцо Инсиње постигнаа убави голови за Аѕурите кои имаат предност од еден гол по првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести