Италија не греши двапати, Белгија избегна нокаут – Барела и Инсиње мајсторски погодија, Лукаку носи надеж за Црвените ѓаволи (Видео)

Италија не греши двапати и води со 2:1 по првото полувреме против Белгија во дербито на четвртфиналната рунда на Европското првенство.

Во 13. минута Аѕурите постигнаа гол, но Бонучи, кој беше стрелец беше фатен за влакно во офсајд. Ситуацијата беше проверена со помош на ВАР системот и голот беше поништен.

Bonucci goal disallowed for offside (VAR) 12′ from soccer

Сепак Аурите погодија двапати во првиот дел, овојпат на регуларен начин. Прв стрелец на убав гол беше Николо Барела во 31. минута. Играчот на Интер со прецизен удар го матираше Тибо Куртоа за предност на Италија од 1:0 по првиот дел.

Во финишот на првото полувреме Лоренцо Инсиње постигна уште еден прекрасен гол за Италија, со мајсторски удар, а потоа Ромелу Лукаку со прецизен удар од пенал намали на 2:1.

Победникот од овој дуел ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство. Црвената фурија претходно, во меч од 18 часот ја елиминираше Швајцарија по подобро изваедување на пенали.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести