Имаше нов пенал за Удинезе, ама не се скараа и погоди Тован

Удинезе ја продолжи импресивната серија на позитивни резултати, совладувајќи ја Парма со 1-0 на домашен терен и дополнително оддалечувајќи се од опасната зона на табелата.

Како и на претходниот триумф против Лече, клучен беше погодокот од пенал. Овојпат немаше расправии меѓу играчите, а Тован сигурно реализираше од белата точка.

Со оваа победа, Удинезе останува непоразен на последните пет натпревари во Серија А, со четири победи и едно реми.

- Оглас -

Најнови вести