Црвена Ѕвезда и Партизан прикажаа прескромна фудбалска претстава во 162. вечно српско дерби, што заврши без победник и без голови.
Гореше делот од Јужната трибина во второто полувреме, а мораа да интервенираат и пожарникарите, но имаше малку жар и желба за победа на теренот.
Црвена Ѕвезда имаше една зрела шанса во првото полувреме, Натко за Партизан имаше можност да ја затресе мрежата на домаќините, но на крајот немаше погодоци и двете екипи освоија по едне бод.
Црвена Ѕвезда како лидер на табелата ја задржа предноста од 11 бода пред вечниот ривал Партизан, кој остана на второто место.