6.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Имаше повеќе публика, но официјално на Македонија – Казахстан присуствувале 19.929 гледачи

Официјалните податоци кои ги објави ФИФА велат дека на натпреварот Македонија – Казахстан имало „само“ 19.929 гледачи, па овој меч бил 11-ти најгледан во колото од европските квалификации за СП кое се играше во периодот од 12 до 14 октомври.

Трибините на Националната арена „Тодор Проески“ беа прилично исполнети, а капацитетот е околу 34.000 седишта. Факт е дека немаше 14-15.000 празни места, сигурно беа повеќе од 20 илјади фанови на трибините, но бројката која е пријавена во ФИФА веројатно е според продадените билети, а на источната трибина влезот беше слободен и само за деца со родители.

Инаку најпосетен меч бил Холандија – Финска (52.387 гледачи), а најмалку публика, само 598 луѓе имало на Сан Марино – Кипар. Помалку од 1.000 гледачи имало и на Андора – Србија.

- Оглас -

Најнови вести