Името на Ливерпул веќе е изгравирано на трофејот од Премиер лигата (видео)

На девет кола до крајот на првенството, Ливерпул треба да оствари само уште две победи за и математички да ја обезбеди титулата во Премиер лигата. Црвените имаат 25 бода предност во однос на актуелниот првак Манчестер сити, па веќе и да нема сомнежи дека екипата на Јирген Клоп ќе го слави пехарот кој на „Енфилд“ се чека веќе три децении.

На социјалните мрежи се појави видео од пехарот на Премиер лигата, во кое може да се види дека името на Ливерпул веќе е изгравирано меѓу шампионите, а додадена е сезоната 2019/20.

Инаку, прекинатата сезона ќе продолжи на 17 јуни со доигрување на двата преостанати меча од 29-тото коло, додека претстојното 30-то коло ќе почне на 19 јуни.

https://twitter.com/als1979uk/status/1270076389140684800

- Оглас -

Најнови вести