15.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Името „Сан Сиро“ оди во историјата, новиот стадион во Милано ќе биде крстен по спонзор

Фудбалските клубови Милан и Интер заедно работат на проектот за изградба на нов стадион кој ќе се наоѓа веднаш до иконскиот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано.

Легендарниот стадион ќе биде урнат, а името на новиот стадион ќе го носи името по оној спонзор кој ќе плати најмногу. Некои спонзори станаа познати во врска со фудбалските арени како што се „Емирати“, „Алијанц“ и други. Гигантите од Милано ќе се стремат кон истото. 

Интер и Милан би можеле да добијат помеѓу 25 и 30 милиони евра по сезона.

Сè уште е во рана фаза изборот на компанијата по која ќе биде именуван стадионот, во трка се неколку кандидати, а според извештаите на италијанските медиуми, е водечката осигурителна компанија во Италија, „Џенерали“.

- Оглас -

Најнови вести