Имобиле: Има два тима против кои не сакам да играме во осминафиналето

Чиро Имобиле, капитенот и главен напаѓач на Лацио, по пласманот на римските Орли во осминафиналето на Лигата на шампионите, кажа кои клубови би сакал да ги избегнат како ривали против кои би играле во следната фаза. Златната копачка на Европа се плаши од Баерн Минхен и Ливерпул.

„Горди сме на пласманот во осминафиналето, против Бриж во финишот беше малку нервозно, но и противниците се чувствуваа исто. Иако ни фалеа важни играчи, успеавме да ја оствариме целта, ова е голем успех за нас. Сега ја чекаме ждрепката, се надевам дека нема да ни се падне некој како Баерн или Ливерпул. Имаме ентузијазам, желба за надигрување. Најважно е што собираме искуство во ЛШ“, изјави Имобиле.

- Оглас -

Најнови вести