Имобиле има уште два зицери за Златната копачка, Лацио израмни пенал-рекорд стар 69 години

Чиро Имобиле постигна хет-трик против Верона и се израмни со Роберт Левандовски на врвот на листата со најдобри стрелци во Европа во трката за Златната копачка.

Имобиле сега има 34 погодоци, исто колку и најдобиот стрелец во Бундеслигата, но има уште два меча за доигрување во Серија А, за разлика од Полјакот, кој ја заврши сезоната.

Имобиле со два гола од пенал му помогна на својот тим да го израмни и рекордот на Милан од сезоната 1950/51, кога за Росонерите беа досудени 18 пенали, исто како и за Лацио оваа сезона.

Тоа е рекорден број пенали откако во Италија се игра Прва лига во формат со 20 екипи.

И Чиро и Лацио имаат уште две шанси за да се запишат во книгата со историски достигнувања, напаѓачот како освојувач на Златната копачка, а Лацијалите со рекорден број пенали во една сезона во Калчото.

Во претпоследното коло во Серија А, Лацио игра дома со испадната Бреша, а потоа за крај на домашната сезона ќе му гостува на Наполи во последната рунда.

 

- Оглас -

Најнови вести