Имран Фетаи ќе биде ново име во македонската репрезентација

Дефанзивецот на Шкендија, Имран Фетаи, првпат е повикан во македонската репрезентација и ќе се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски, кој ќе биде објавен деновиве.

Македонија на 26 март игра бараж-меч за пласман на Светскоto првенство против Данска во Копенхаген, пет дена подоцна е гостувањеto кај Чешка или Република Ирска, а од Шкендија се пофалија дека нивните играчи Фетаи и Решат Рамадани ќе бидат дел од националниот тим на Македонија. Месецов повик од своите А селекции добиле уште двајца играчи на Шкендија, голманот Бабукар Гаје од Гамбија и Роналдо Вебстер од Јамајка.

Веста дека Фетаи добил дебитантски повик за настап за Македонија наиде на отпор кај фанови на тетовскиот клуб кои на социјалните мрежи коментираат дека играчите на Шкендија треба да бојкотираат поради односот на ФФМ кон клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести