Три натпревари се играат вечерва во НБА-лигата, каде што два домаќински и еден гостински тим ја имаат улогата на фаворити.
Феникс санс на свој терен ја пречекува Индијана, а Сонцата влегоа во одличен ритам и имаат четири победи по ред. За разлика од нив, Индијана игра очајно и во 11 натпревари има само една победа и дури 10 порази.
Ако се погледне традицијата, Индијана успеа четирипати по ред да слави над Феникс, но овојпат Сонцата на свој терен се големи фаворити и ќе се обидат да ја сопрат негативната низа што ја имаат со овој ривал.
Аталанта има четири победи во последните пет меча против Јута, а Јастребите и сега треба да се поблиску до победата, иако играат на гости. Јута сезонава има само четири победи во 11 средби, но сигурно дека Џезерите нема предвреме да се предадат.
Најголема „сигурица“ треба да биде победата на Кливленд на свој терен против Торонто.

Во понудата има и над 30-мина играчи за „плус-минис“ поени, а посебно интересно ќе биде дали Мичел Донован ќе ја надмине границата од 27,5 поени, додека на Кевин Букер поените за плус-минус се на граница од 28,5.
Кошгетерски расположени се очекува да бидат и Лаури Марканен од Јута и Паскал Сијакам од Индијана, на кои границата за постигнати поени е на 25,5.


