Индијана не можеше против Дејвис и Џејмс, Лејкерс е освојувач на првиот НБА-куп! (Видео)

Лос Анџелес лејкерс одново испиша историја во најсилната кошаркарска лига на светот и ќе биде запишан како прв освојувач на НБА-купот, натпреварување кое за првпат се одржа сезонава.

Во финалето во Лас Вегас, Езерџиите беа подобри од Индијана пејсерс со 123-109. За МВП на НБА-купот е прогласен Леброн Џејмс, а во финалето блескаше Ентони Дејвис кој беше незапирлив за Пејсерс и имаше 41 поен, 20 скока, пет асистенции и четири блокади.

Џејмс финалето го заврши со 24 поени, 11 скока и четири асистенции.

Лејкерс доминираше во рекетот, од нивните 123 поени, само 10 беа постигнати со шутеви од надвор од рекетот.

Како шампиони, за секој играч на Лејкерс и тренерот, следуваат по 500.000 долари. Поразените од Индијана, добиваат „утешни“ по 200 илјади долари по човек.

Леброн Џејмс беше играчот кој го отвори шампањското, а имаше и шампионски славенички танц:

 

- Оглас -

Најнови вести