Иниеста бил виновен за историскиот пораз на Барселона во ЛШ?

Пред неколку дена и официјално беше промовиран документарниот филм за Андрес Иниеста и неговата кариера во Барселона. Иниеста е „дете“ на Барселона, бидејќи прво помина шест години во школата на каталонскиот гигант, а потоа, од 2002 година ја започна профи кариерата. На „Камп Ноу“ остана до 2018 година, кога реши дека е време да си замине и сега е дел од јапонскиот Висел Кобе.

Токму во документарниот филм за Иниеста може несвесно била откриена и причината за неверојатниот пораз на Барселона од Рома со 3:0 на „Олимпико“ и елиминацијата од четвртфиналето во Лигата на шампиони. Победата на Рома од 3:0 беше доволна да се анулира негативата од 4:1 по првиот меч на „Камп Ноу“ и Барселона отиде во аут.

Што се случувало ноќта пред мечот на „Олимпико“ е откриено во документарниот филм за Иниеста. Во филмот се открива дека Иниеста на 9 април решил да им соопшти на соиграчите дека си оди на крајот од сезоната. Тоа е само еден ден пред катастрофата на „Олимпико“ и поразот од 3:0.

Во тој дел околу одлуката на Иниеста да си замине, зборуваат неговите тогашни соиграчи Жорди Алба, Жерар Пике, Лионел Меси и Луис Суарес.

„Се сеќавам дека играв Не лути се човече која Иниеста ме повика во неговата соба и ми рече дека треба нешто да разговараме“, се сеќава Алба.

„Многу работи ми поминаа низ глава. Се мислев што сега сака да ни каже“, потврдува и Пике за собирот на кој ја слушнале одлуката на Иниеста.

„Ни се јави на мене и на Меси и ни ја соопшти одлуката дека ќе си оди“, потврдува Суарес, а Меси се надоврзува на тоа велејќи: „Отидовме до неговата соба, а тој ни соопшти дека ќе си замине од Барселона“.

Следниот дел Барселона на „Олимпико“ делуваше како изгубена и загуби со 3:0 што беше доволно да биде елиминирана. Официјалната одлука за заминување од Барселона, Иниеста ја соопшти неколку дена подоцна, но факт е дека тоа што им го соопштил на соиграчите на само еден ден пред важниот меч, можело да има влијание во играта.

Колку за потсетување, Рома одигра натпревар за памтење, а со головите на Џеко, Де Роси и Манолес, стигна до посакуваниот пресврт.

- Оглас -

Најнови вести