Шпанската фудбалска легенда Андрес Иниеста, кој во мај ќе наполни 38 години, во дресот на јапонскиот Висел Кобе покажува дека уште не е за фрлање. Тој денеска постигна гол во победата на Кобе над Мелбурн виктори од 4-3 во азиската Лига на шампиони.
На мечот се играа продолженија, а ветеранот Иниеста на теренот помина 115 минути. Иниеста со јапонскиот клуб има договор до летото 2023 година, но не е исклучено да се врати во Барселона и таму да ја заврши кариерата.