Поранешниот шпански репрезентативец Андрес Иниеста, одлучи летово да си замине од јапонскиот Висел Кобе и постои голема можност, наместо да замине во пензија – да се пресели во Јужна Америја.
Според „ТуЦ Спортс“, голем интерес за ангажирање на 39-годишниот Иниеста, пројавува Аргентинос јуниорс чиј тренер е Габриел Милито. Милито и Иниеста беа соиграчи во Барселона и Аргентинецот се надева дека Шпанецот ќе го прифати неговиот повик, последната сезона во кариерата да ја одигра во Јужна Америка.
Андрес Иниеста беше дел од златната генерација на Барселона и заедно со Лионел Меси, Чави Ернандес, освоија се што можеше да се освои.
Toj со Барселона девет пати беше шпански шампион, шест пати триумфира во шпанскиот Кралски куп и во шпанскиот Суперкуп, четири пати во Лигата на шампионите, три пати во Светското клупско првенство, а има и два триумфи во европскиот Суперкуп.
Со Висел Кобе освои два трофеи, во 2019 година триумфира во Купот на императорот, а во 2020 година во јапонскиот Суперкуп.