Иниеста учествуваше во фестивал од пенал-утки во јапонскиот Суперкуп (видео)

Андрес Иниеста се закити со уште еден трофеј како играч на Висел Кобе, откако освојувачот на јапонскиот Куп славеше во Суперкуп пресметката против Јокохама со 3-2 во пенал серијата.

Победник не се доби по 90 минути игра при резултат од 3-3, а Иниеста креираше два од трите гола на Висел. Мораше да се одлучува во пенал-рулетот, во кој се видоа дури девет последователни промашувања на двете страни, а дури во седмата серија Јамагучи погоди за радост на Кобе.

https://www.youtube.com/watch?v=OEqk-IzAOh4

- Оглас -

Најнови вести