Инсајдер открива: Роналдо веќе потпиша договор!?

Фудбалскиот статус на Кристијано Роналдо и тоа каде ќе игра во следната сезона секако е една од топ темите. Португалецот го одработи договорот со Ал Наср и од 30 јуни и официјално ќе биде слободен играч.

Иако на финансиски план одлично заработи, Роналдо на теренот не се прослави затоа што не донесе многу радости за навивачите на Ал Наср. Клубот на Роналдо не освои ниту еден трофеј во домашните натпреварувања, ниту во Лигата на шампиони на Азија. Единствен пехар кој го освоија е во леткиот арабиски клупски шампионски куп.

Многу шпекулации и нагаѓања има за тоа каде Роналдо ќе игра во следната сезона. Иако на Инстаграм профилот најави дека е затворено поглавјето наречено Ал Наср, сепак, сега се пишува дека е дојдено до пресврт.

Најавите се дека клубот од Саудиска Арабија се обидува да го задржи Роналдо и во следната сезона. Тоа го тврди францускиот новинар Санти Ауни од Фуд Меркато. Роналдо во дресот на Ал Наср одигра вкупно 111 натпревари и постигна 99 голови. Му недостасува само еден погодок за да стане првиот фудбалер во историјата кој има дадено 100+ погодоци за четири различни клубови. Над 100 голови Роналдо има постигнато како играч на Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести