7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Интер е нов рекордер во Серија А

Актуелниот италијански првак Интер ја продолжува борбата за освојување на ново Скудето, откако со 3:1 победи на гости кај Специја. Брозовиќ, Мартинез и Санчез беа стрелци на головите за Нераѕурите кои сега имаат 69 бодови, два помалку од лидерот Милан, но Интер има и меч помалку.

Дуелот против Специја се покажа како историски за Интер, затоа што гигантот од Милано стана првиот клуб кој успеал на гостински терен да победи 66 различни екипи во Серија А.

Со оваа победа, Интер го надмина Јувентус, кој на пример нема победи на гости кај Тревизо и Месина. На третото место на оваа листа е Милан кој на гости никогаш не славел кај Лече, Капри и Авелино.

Интер следната сезона ќе има шанси да ја зголеми оваа низа, доколку во Серија А влезат екипите на Кремонезе, Пиза или Монца.

- Оглас -

Најнови вести