Наполи го пречекува Интер во еден од двете дерби-дуели во италијанската Серија А, кои се дел од мечевите во 32-рото коло на Спортска прогноза. Интер е убедлив лидер во првенството со двоцифрен број поени пред сите останати ривали, но сепак прогнозерите овојпат не му ја даваат фаворитската улога.
Од досега направените прогнози, само 28 отсто од играчите на Спортска прогноза веруваат во триумф на Интер на гостувањето кај Наполи. За победа на домаќините се 30 отсто, а најголем е процентот дека дуелот ќе заврши нерешено (40 отсто).
Освен овој меч, во понудата има уште 12 интерени мечеви кои треба да се погодат за да бидете во трка за освојување на мобилен телефон „ајфон 11“. Среќна 13-ка е потребно за освојување на вредниот телефон, но подароци секогаш има и за оние со по 12 и 11 погодоци. Ако имате еден промашен пар, ќе добиете вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за 11-ка ваучерот изнесува 500 денари.
Не чекајте и бидете дел и од 32-то коло на Спортска прогноза.