Кристијан Киву имал позитивни разговори со челниците на Интер и се очекува во текот на денешниот ден и официјално да биде промовиран во нов тренер на Нераѕурите. Романецот кој како фудбалер со успех го носеше дресот на Интер дури седум сезони, треба да потпише договор кој ќе го обврзе да остане на клупата на италијанскиот гигант до јуни 2027 година.
Интер остана без тренер откако Симоне инѕаги реши да ја прифати понудата да замине во Саудиска Арабија и да го води тимот на Ал Хилал. Се очекува Киву да добива по 1,5 милиони евра по сезона во Интер.
Освен Интер, нов тренер ќе добие и Аталаната. по заминувањето на Џанпјеро Гасперини во Рома, на клупата на тимот од Бергамо треба да седне Иван Јуриќ.