Италијанскиот калчолигаш Интер официјално го потврди трансферот на Луис Енрике од Олимпик Марсеј. Бразилецот е ново офанзивно засилување за тимот на новиот тренер Кристијан Киву и ќе настапува на позицијата десно крило.
Во минатата сезона, 23-годишниот Луис Енрике имаше одличен ефект со девет гола и десет асистенции на 35 натпревари во сите натпреварувања за францускиот клуб.
Интер го ангажираше за 25 милиони евра, а клубот верува дека тој ќе донесе нова енергија и длабочина во нападот во борбата за трофеи следната сезона.
Tem brasileiro na área! 🇧🇷
— Inter ⭐️⭐️ (@Inter_br) June 7, 2025
Seja bem-vindo, Luís Henrique 🖤💙#ForzaInter #WelcomeLuis pic.twitter.com/cuseHEgLzA
Покрај нападот, Интер работи и на засилување на одбраната. Приоритет за Кристијан Киву е Џовани Леони, 18-годишен дефанзивец од Парма, кого тренерот добро го познава од младинските категории. И спортскиот директор Бепе Марота е заинтересиран да го доведе младиот талент на „Џузепе Меаца“.
Со овие потези, Интер јасно покажува дека амбициите за сезоната 2025/26 се големи, со фокус на борба за Скудетото и конкурентност во Европа.