Интер го елиминира Баерн, а сега ќе му го „украде“ и летното засилување

Интер не само што го елиминира Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, туку сега е на добар пат и да му го „украде“ и трансферното засилување, Луис Енрике од Олимпик Марсеј.

Според информациите од Италија, Интер е во напредни преговори со бразилското крило, кое е цел на интерес и на Баерн Минхен. Сепак, Луис Енрике, како што се наведува, има јасна желба да потпише за Нераѕурите.

Интер преговара и со Марсеј, но постои финансиска разлика од околу 10 милиони евра, бидејќи францускиот клуб бара 35 милиони евра, а Италијанците се обидуваат да ја спуштат таа сума.

Луис Енрике оваа сезона има одиграно 31 натпревар за Марсеј, со девет голови и осум асистенции, што го прави еден од поатрактивните крилни напаѓачи на пазарот.

- Оглас -

Најнови вести