Интер е заинтересиран за Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, информираат италијански медиуми, кои додаваат дека овој трансфер би се реализирал во случај Лаутаро Мартинес да си замине од Интер и да потпише за Барселона.
Белоти, кој има 26 години, важи за еден од најдобрите италијански голгетери, а цената за која Торино би го ослободил е околу 40 милиони евра. Сезонава Белоти на 33 меча за Торо има 16 гола и три асистенции. Договорот со клубот му е до 2022 година, а Торино можеби од Интер ќе ги побара на позајмица Најнголан, Гаљардини или Пинамонти.