Интер го смени грбот во чест за борбата против Коронавирусот (Фото)

Новиот клуб во првенството на МЛС во САД, Интер од Мајами само по неколку месеци од официјалното појавување на светската фудбалска мапа, реши да си го смени грбот. Интер Мајами е клуб во сопственост на некогашниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.

Како мотив за промена на грбот на клубот е светската борба против Коронавирусот. Од опасниот вирус досега низ целиот свет се заразени околу 350.000 луѓе, а главната препорака за сите е да останат во своите домови, да се изолираат и да немаат блиска комуникација со други луѓе. Едноставно, држењето на растојание е една од главните превенции против овој опасен вирус.

Американското фудбалско првенство е во прекин токму поради опасноста од Коронавирусот, а Бекам реши да го смени грбот на својот клуб и тоа да биде во чест на борбата против вирусот.

На грбот на Интер Мајами има две птици чапји кои се поврзани една со друга и со испреплетени нозе, но сега тоа е променето.

На новиот грб на клубот, двете чапји се одалечени една од друга, што ја симболизира пораката во борбата против Коронавирусот, а тоа е луѓето да бидат раздвоени во овие моменти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести