Интер и Милан утре ќе го одиграат реванш-натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Секако дека стадионот е комплетно распродаден за дуелот на градските ривали и на трибините ќе има над 75.000 гледачи.
Првиот натпревар кој го доби Интер како „гостин“ со 2-0 предизвика внимание во Италија бидејќи Милан објави дека заработил 10.461.705 евра од продажбата на билети, но сега Интер го сруши тој рекорд.
Билетите за овој натпревар се поскапи за разлика од првиот и заработката на Интер ќе биде околу 12 милиони евра. Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Милан, од дуелот против Тотенхем кога Црвено-црните од Милано имаа заработка од над 9 милиони евра.
Сепак, ваквите цифри воопшто не им се допаѓаат на навивачите, кои треба да издвојат вистинско богатство за да го бодрат својот омилен клуб и сè почести се протестите низ целиот свет за скапите билети за фудбалските натпревари.