Полуфиналниот двомеч меѓу Интер и Барселона во Лигата на шампионите ќе остане запаметен како еден од највозбудливите и најефикасните во историјата на натпреварувањето. Со вкупно 13 постигнати гола, 3-3 во првиот натпревар и 4-3 по продолженија за Интер во реваншот – двата гиганта на европскиот фудбал приредија вистински спектакл кој долго ќе се памети.
Во првиот меч на „Монжуик“ двете екипи одиграа рамноправно и постигнаа по три гола, што остави сè отворено за реваншот во Милано. Таму, на „Џузепе Меаца“, во натпревар одигран под дожд и пред полни трибини повторно се водеше голема борба.
Барселона успеа да се врати од негатива, но Интер покажа карактер и со победничкиот гол на Давиде Фратези во продолженијата избори пласман во финалето.
Со оваа голема победа Интер ќе игра за својата четврта титула во Лигата на шампионите, а истовремено е изедначен рекордот по бројот на постигнати голови во полуфинален двомеч. Токму 13 гола паднаа и во легендарниот двобој меѓу Ливерпул и Рома во сезоната 2017/18, кога англискиот клуб триумфираше со вкупни 7-6.