Интер и Јувентус во следната сезона ќе се борат за пехарот во Суперкупот на Италија како освојувачи на Серија А, односно италијанскиот Куп. Мечот за престижниот пехар ќе се одржи во Саудиска Арабија, како што беше во 2018 и 2019 година.
Италијанската фудбалска федерација пред три години потпиша договор според кој три од четирите натпревари за овој пехар мора да се одиграат во земјата од Блискиот Исток.
Во 2018 година Јувен беше подобар од Милан во Аман, а една година подоцна Лацио славеше против Бјанокнерите во Ријад. Ланскиот меч во Суперкупот се одигра на „Мапеј“ стадионот во Сасуоло поради пандемијата со корона-вирусот, во кој Јувентус триумфираше со 2-0 над Наполи и Елиф Елмас.
Останува да се одреди датумот, како и градот-домаќин за Суперкупот, а веројатно ќе се игра или во Ријад, или во Аман.