Един Џеко во новата сезона ќе го носи дресот на Интер, тврдат од Скај Спорт Италија. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе дојде на „Џузепе Меаца“ од тимот на Рома. Договорено е трансферот да изнесува 10 милиони евра, плус заминување на 19-годишниот Едоард Вергани во Рома.
Вергани кој има 18 години, претходно требаше да замине во Сасуоло, но откако остана на „Џузепе Меаца“, сега е дел од договорот за доведување на Рома.
Џеко е голема желба на новиот тренер на Интер, Антонио Конте, кој создава тим кој може да ја освои титулата во новата сезона во Серија А.