По историскиот најубедлив пораз во финалето од Лигата на шампионите од ПСЖ со 5-0, Интер може да остане и без тренерот Симоне Инѕаги. Раководството на клубот сè уште нема донесено одлука за неговата иднина, но Инѕаги веќе има богата понуда на маса, и тоа од Ал-Хилал.
Екипата од Саудиска Арабија му нуди неверојатни 30 милиони евра годишно, па наскоро се очекува одлуката не само на Интер, туку и на самиот Инѕаги.
Доколку легендарниот Италијанец си замине од Интер, раководството на клубот има четири опции за негов наследник. Прв на листата е Сеск Фабрегас, кој во моментов го води Комо, потоа Роберто де Зерби од Олимпик Марсеј, предводникот на Џенова, Патрик Виеира, како и легендата на клубот, Кристијан Киву.