Интер има нов претседател

Џузепе „Бепе“ Марота (67) е наименуван за нов претседател на фудбалскиот клуб Интер од Милано.

Марота од 2018 година е во Интер како извршен спортски директор. Претходно таа функција осум години ја вршеше во Јувентус, а пред тоа беше директор и во Сампдорија.

Интер освои пет трофеи за време на престојот на Марота во клубот, вклучувајќи и две титули во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести