Само неколку минути по соопшението на Атлетико Мадрид дека се повлекува од Суперлигата како прв шпански клуб кој повлече потег, Интер го следи примерот и го крши мразот од италијанските гиганти да ѝ каже „ЧАО“ на Суперлигата.
„Интер официјално соопштува дека повеќе не е дел од проектот наречен Суперлига. Посветени сме да им го пружиме најубавото искуство на нашите навивачи“, стои во соопштението на миланскиот гигант.
Веќе е познато дека англиската шестка, Јунајтед, Сити, Челзи, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем го започнаа процесот на повлекување од проектот кој под иницијатива на Флорентино Перес, првиот човек на Реал Мадрид, а сега и дефинитивно може да се каже дека фудбалот и навивачите победија во војната против алчните бизнисмени.
Реал Мадрид, Јувентус и Милан засега остануваат на одлуката да се формира Суперлигата, додека од таборот на Барселона нема ништо официјално, иако Лапорта кажа дека навивачите се тие кои одлучуваат дали Барса ќе игра во Суперлигата.