Напаѓачот на Рома Един Џеко, изненади со потписот на новиот договор со Римската волчица. Босанецот се очекуваше да биде следното засилување на Интер, но наместо тоа, тој одлучи да остане верен на Рим и ја продолжи соработката до 2022 година.
Италијанските медиуми тврдат дека годишната плата на Џеко ќе биде 4,5 милиони евра плус бонуси, односно ги доби истите услови кои му ги нудеше Интер. Босанскиот голгетер е член на Рома од 2015 година и досега запиша 179 настапи во кои постигна 87 погодоци.
„Во изминатава недела почувствував колку клубот сака да ме задржи тука. Љубовта која ја добивам тука е нешто посебно, во изминативе четири години Рим стана мој дом и мило ми е што ќе останам тука“, истакна Џеко.
Деновиве Рома ја продолжи соработката со Николо Ѕаниоло и Ченгиз Ундер.
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 16, 2019