Интер ја победи Рома, Нераѕурите сега се во позиција сами да си решат за титулата (Видео)

Интер без многу проблеми со 3:1 ја победи Рома во меч кој требаше да биде дерби на денот во Серија А. Само половина час траеше отпорот на гостите од Рим, кога по една долична акција на домаќините, Думфрис погоди за 1:0 за Интер.

Пред крајот на првото полувреме, Брозовиќ зголеми на 2:0, а сите дилеми колу победникот ги реши Лаутаро Мартинез со погодокот во 52 минута. До крајот на мечот, гостите постигнаа само почесен погодок преку Мхитарјан во 85 минута.

Со оваа победа, Интер сега е нов лидер на табелата во Серија А. Нераѕурите имаат 72 бодови, пред градскиот ривал Милан со 71, а Наполи е трет со 67 бодови и тука завршуваат листата на кандидати за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести