Интер ќе има мисија плус, барем еден домаќин да победи во Серија А

Во досегашните осум средби кои се одиграа во италијанската Серија А, домаќините немаат ниту една победа. Последен во низата што не успеа да ги израдува фановите на свој терен е Фиорентина. „Виолетовите“ одиграа 1:1 против Калјари, иако беа фаворити на овој меч.

Откако на полувремето беше 0:0, Фиорентина поведе со голот во 60 минута, но само 10 минути подоцна Калјари израмни  и тоа всушност беше и конечен резултат. Најава за лошата серија на домаќините беше вчерашниот пораз на Рома од СПАЛ со 0:2, а потоа и шампионот Јувентус во Торино не успеа да ја победи Џенова и одигра 1:1.

Вечерва Интер како домаќин ќе игра против Милан во градското дерби на „градот на модата“. Ова ќе биде девети меч во ова коло на кој домаќините ќе се обидат да стигнат до првата победа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести